буџетира
буџетираат; буџетирал
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
1.
Пресметува приходи и расходи на држава, установа или претпријатие за определен период.
Примери:
Министерството за култура да се преиспита кого буџетира во македонскиот театар.
2.
Пресметува парични средства со кои се располага.
Примери:
Како да ги буџетираме трошоците за маркетинг активностите и како да работиме со мал буџет?
ИТЗ нема да бара од апликантите да ги буџетираат средствата за патување до канцеларијата на ИТЗ во Скопје.
Изведенки
буџетирање ср.
глаг. им.
Пример: Даночниот обврзник преку партиципативното буџетирање мора да биде вклучен во одредувањето на приоритетите во трошењето на парите од буџетот.
глаг. им.
Пример: Даночниот обврзник преку партиципативното буџетирање мора да биде вклучен во одредувањето на приоритетите во трошењето на парите од буџетот.